Виа Динарика

Осум балкански држави – една планинска патека

Во срцето на западниот Балкан протегајќи се од Словенија до Македонија лежи еден од најубавите и најживописните планински венци кој нуди огромен потенцијал за авантура, спорт, рекреација и уживање во природата.

Виа Динарика претставува проект за промоција и развој на туризмот во осум различни балкански држави преку конектирање на сите тие со помош на една единствена планинска патека која во кратки црти може да се каже дека нуди – што ти душа сака – за активен одмор, уживање во природа, истражување на нови предели, култури и одлична храна. 

Некаде високо во Јулиските Алпи лежи Тргилав кој се смета за последната точка на веќе добро познатата Виа Алпина, сличен модел кој поврзува осум алпски држави и се има покажано како одлична стратегија за долгорочно развивање на туризмот во одреден предел

Од Словенија преку Хрватска, Босна, Црна Гора, Албанија, Косово и Македонија замислата на Виа Динарика е да се постави, измаркира и сервира една мега планинска трансверзала која ќе има за цел да го промовира и потпомогне алтернативниот туризам во овие држави. 

Проектот е помогнат од УНДП и УСАИД и за него може да погледнете нешто повеќе ТУКА.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија