Димитриевски и Минчевски на тренинг обука за спасување во БиХ

Со препорака на спелеолошкиот клуб Врело и дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, Гоце Димитриевски и Андреа Минчевски учествуваат на меѓународен тренинг камп за спасување во екстремни услови, пештери, јами и кањони во Шипово, Босна и Херцеговина. 

Обуката трае од 12-20 септември и се спроведува по сите меѓународни стандарди од страна на организаторите и инструкторите од Словенија. Обуката се изведува по 14 часа дневно во екстремни услови и со современа обука и високо едуциран кадар. Вкупно присуствуваат 32 члена од сите Балкански земји. 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија