Дијабетичари, вежбајте!

Со зголемување на физичката активност, луѓето кои имаат дијабетес тип 2 можат да се ослободат од вишокот висцерални масти (оние што се наоѓаат околу органите) кои претставуваат важен ризик фактор за кардиоваскуларни проблеми.

Физичката активност е во можност да ја одржи тежината на оптимално нив и да ги чува органите како белите дробови, срцето и црниот дроб во одлична состојба, иако научниците сè уште точно не знаат како вежбањето влијае на различните типови и локации на масни наслаги.

Сепак, за масното ткиво во стомачето и висцералните масни наслаги (оние што ги опкружуваат органите) сè повеќе се докажува дека се поштетни од поткожното масно ткиво.

Релацијата, вежбање – намалување на длабоките масни наслаги беше испитувана од тим научници кои на мала група на дијабетичари ги прегледувале МРИ снимките пред и по договорените тренинг сесии кои требале да ги поминат за шест месеци.

Сесијата вклучувала 3,5 до 6 часа вежбање неделно со вклучени два кардио и два силови тренинзи, а за крај поминале 12 дневна планинарска експедиција.

Резултатите покажале дека и покрај тоа што функциите на срцето останале непроменети, постоеле значајни разлики во масните наслаги околу срцето, белите дробови како и абдоминалната регија.