Жените искинаа на полумаратон

Како да му се погоди на понежниот пол, за половина пократко, за половина и полесно и многу побрзо за комплетирање. Статистиката направена од минатогодишните резултати покажа дека е поставен рекорд за завршени полумаратони во женска конкуренција во САД. 

 

Рекорден број на жени, малку повеќе од 1,1 милион успеале да го завршат полумаратонот што почнале да го трчаат минатата година во САД. Тоа значи дека успех имале 60% од тие што се нафатиле да ги трчаат 21 запирка нешто километрите.

За разлика од претходните години, процентот има скокнато за скоро 10% од 2005 година, а константно расте од тогаш.

А и самите побарувања за персонални тренери кои ќе држат часови на жените се има зголемено во последните периоди, вели Jeff Galloway, персонален тренер специјализиран за трчање на долги патеки.

За разлика ок 5ките и 10ките, тренирањето за полумаратон пружа поголема сатисфакција, и доколку се направи правилно, не е потребнен голем труд за да се постигне.

И за разлика од пократките трки, каде акцент се става на трчањето за краток временски период, полумаратонот (и маратонот), бар за почетници е се` околу учењето да се успори темпото за да се издржи и правилно темпира силата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија