Денеска почнува турнирот во мал фудбал на граѓански организации

Младите можат, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Ѓорче Петров во соработка со Младинскиот образовен форум и Сојузот на извидници на Македонија го организираат првиот „Турнир во мал фудбал на граѓански организации”.

 

Турнирот ќе се одржи од 11- 22 јуни во спортската сала „Христо Батанџиев”. На турнирот ќе учествуваат 10 невладини организации од целата држава. Натпреварите ќе се играат во периодот од 18:00 до 22:00 часот.

Целта на турнирот е подобрување на соработката меѓу невладините организации, но и јакнење на спортскиот дух и градење на здрави навики кај младите луѓе.

Собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на гладни преку здружението „Банка за храна”.

Во прилогот ви го прикажуваме распоредот

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Распоред на натпревари

1 Коло 11.06 (вторник)

Група А:
Младите можат – МОФ – 18:00
ИРЗ – Фондација НБЕ – 19:00
МАЦЕФ слободен

Група Б:
Сојуз на Извидници – ВЦС – 20:00
Обединета младина – НВО Инфоцентар – 21:00
Крик слободен

2 Коло 13.06 (четврток)

Група А:
Младите можат – ИРЗ – 21:00
МОФ – МАЦЕФ – 20:00
Фондација НБЕ слободен

Група Б:
Сојуз на Извидници – Обединета младина – 19:00
ВЦС – Крик – 18:00
НВО Инфоцентар слободен

3 Коло 15.06 (сабота)

Група А:
Младите можат – Фондација НБЕ – 20:00
ИРЗ – Мацеф – 18:00
МОФ слободен

Група Б:
Сојуз на Извидници – НВО Инфоцентар – 21:00
Обединета младина – Крик – 19:00
ВЦС слободен

4 Коло 16.06 (недела)

Група А:
МОФ – ИРЗ – 21:00
Фондација НБЕ – МАЦЕФ – 19:00
Младите можат слободен

Група Б:
ВЦС – Обединета младина – 18:00
НВО Инфоцентар – Крик – 20:00
Сојуз на Извидници слободен

5 Коло 18.06 (вторник)

Група А:
Младите можат – МАЦЕФ – 19:00
МОФ – Фондација НБЕ – 21:00
ИРЗ слободен

Група Б:
Сојуз на Извидници – Крик – 18:00
ВЦС – НВО Инфоцентар – 20:00
Обединета младина слободен

Полуфинале 20.06 (четврток)

А1 – Б2 – 20:00
А2 – Б1 – 21:00

Финале 21.06 (сабота) 20:00

Комплетна и прегледна табела на натпреварите и времето на одигрување можете да најдете во продолжение.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија