Делхи рока полумаратон со ПМ честици плафон

Иако количеството на ПМ честички за време на полумаратонот  ЕрТел (AirTel) во Делхи овој викенд изгледаа како мало дете во споредба со некои наши „врвни” мерења, сепак, ние барем кај нас немаме спортска активност која ќе натера 30.000 да искочат на толку лош воздух и да бркаат најдобри времиња на полумаратон.

Покрај предупредувањата на јавните здравствени установи и сите релевантни институции за екстремно лошиот квалитет на воздух во Делхи, овој викенд околу 30000 луѓе искочија и зедоа учество во полумаратонот чиј спонзор е (иронично) фирмата ЕрТел (АirTel). 

Според параметрите Делхи претставува еден од најзагадените градови на планетата каде на редовно ниво бројачите покажуваат надминати дозволени граници, а токму овој викенд за време на полу-маратонот честичките ПМ2,5 достигнаа околу 8 пати поголема концентрација – околу 200 µg/m3 што во превод значи доста низок квалитет на воздухот.

Препораките при вакви воздушни загадувања се дека скоро сите личности (особено младите со астма и старите хронично болни лица) потребно е да се засолнат од ваквите влијанија, а движењето и активностите на отворено кај здравите лица треба да се сведе на минимум. 

Тука да не го заборавиме и податокот од една студија која вели дека просечен човек кој трча на околу 70% од неговиот VO2max (некое нормално темпо) за околу 3 часа вдишува ист волумен на воздух колку и слабо активен човек во текот на два цели денови. 

Индиската здравствена асоцијација една недела пред настанот се обиде преку петиција до повисоките судови да влијае врз презакажување на настанот, работа која не успеа да помине. Организаторите во соопштение велат дека сите мерки за претпазливост се запазени, а масата од 30000 луѓе си дојде и започна со трчањето и покрај сите препораки. 


Сигурно ќе ве интересира – Кога дишењето убива


Натпреварувачите имаа различни мислења и ставови. Некои се жалеа на лошите услови, други едноставно велеа дека условите се стандарни и без проблем ја минале трката, а трети пак изјавија дека едноставно можеше да биде и полошо со фактите дека градот една недела пред настанот имал нивоа на ПМ2,5 од над 640 µg/m3. 

Голем дел од учесниците носеа заштини маски, а Кенијците и Етиопјаните дојдоа и истрчаа за околу 59 минути и 49 секунди – нешто како – 1,5 минути под светскиот рекорд на 21км. 

Ако веќе навистина ви се спортува тогаш прочитајте ги овие препораки и одберете некое посоодветно место наместо најзагадените делови и периоди од градот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија