Дедото на моноциклизмот

Занимање? – Пензионер, чувам пет внуци, а во слободно време возам моноцикл по осум работни часа. Претходни достигнувања? – Од Сан Франциско до Лос Анџелес, некои 850 километри на едно 36-инчно тркало. Вработен си. 

И додека другите уживаа на две тркала во осумдневната тура по калифорнискиот брег, од Сан Франциско до Лос Анџелес, Марк Мејси успеа да го направи ова на неговиот моноцикл, возејќи и по осум часа на ден.

Оваа година финансиите од турата беа наменети за Фондацијата Артритис која работи на превенција и подобро лекување за луѓето кои живеат со овие болести и состојби.

Марк успеа да ги извози 850те километри во чест на неговата другарка Пети О`конор која цел живот го поминала со јувенилниот ревматоиден артрит. Тој на неговата посебна страна (поради посебниот подвиг) досега има собрано 4,500 долари во хуманитарни цели кои ќе одат кај оваа фондација.

California Caost Classic велосипедската тура поминува низ неверојатни сценарија, целосно опремени винарии, светилници и плажи на Пацификот, а е посетена од вистинските љубители на велосипедските тури.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија