Сончање и Витамин Д

Дали преку сончање можеме да го снабдиме нашето тело со потребната количина на витамин Д?

Витаминот Д е клучен за одржување на здрав развој на коските и правилна функција на имуниот, нервниот и мускулниот систем. Сè повеќе луѓе се соочуваат со недостаток на овој витамин во организмот, што води кон сериозни здравствени нарушувања како што се остеопороза, висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Витаминот Д се нарекува „сончев витамин” бидејќи сонцето е најдобриот извор преку кој можеме да го снабдиме нашето тело со овој витамин. Меѓутоа, треба да бидеме внимателни со сончањето бидејќи претераното изложување на УВ зраци може да има негативни ефекти на нашето здравје. Затоа е најдобро да се снабдуваме со потребната количина витамин Д преку сите три извори – сонце, храна и додатоци во исхраната.

Но, тоа не значи дека не треба да ја искористиме можноста која нѝ ја нуди летото за да го подобриме нашето здравје. Доколку се сончате со внимание и ги следите насоките од лекарите, ова лето можете од одењето на плажа да извлечете многу повеќе од одмор и забава.

Како безбедно да се снабдите со витамин Д на плажа?
Зголемувањето на нивото на витамин Д во организмот преку сонце можете да го постигнете само со директна изложеност на сончевите зраци. Стаклата на автомобилите ги блокираат УВ зраците, што значи дека времето поминато во автомобил на пат кон плажа со изложеност на сонце не ви помага во снабдувањето со витамин Д.

Кремите за сончање исто така ги блокираат УВ зраците на сонцето кои се потребни за генерирање на витамин Д. Но, од друга страна, доколку се сончате подолго време без заштита преку кремите за сончање, ризикувате да добиете сериозни оштетувања на кожата. Затоа, најдобро е да ја заштитите само кожата на лицето и околу очите и да дозволите неколку минути директна изложеност на сонце. За повеќето луѓе е во ред да останат на сонце без заштита 15 до 20 минути, но ако забележите дека вашата кожа се зацрвенува, веднаш одете под сенка и нанесете крема за сончање.

Дали на сите нѝ е потребно зголемување на нивото на витамин Д?
Кај секого од нас нивото на витамин Д се менува во зависност од нашата исхрана и животни навики. Сè што е претерано не е добро, па така и претераната количина на витамин Д во организмот може да нѝ предизвика проблеми со здравјето. Хипервитаминоза Д е ретка, но сериозна состојба која се појавува кога имаме претерана количина на витамин Д во телото. Се манифестира со дехидрација, повраќање, намален апетит, чувство на слабост во мускулите. Долготрајната хипервитаминоза предизвикува складирање на калциумот во крвните садови, зглобовите и бубрезите.

За да избегнете претерани падови или покачувања на витаминот Д во организмот, најдобро е да правите редовни проверки на вашето здравје. Благодарение на напредната технологија, во Биотек Лабораторија ќе добиете брзи и точни резултати кои ќе ви ја покажат состојбата на вашето здравје со испитување на концентрацијата на витамин Д.

Испитувањата се вршат со VIDAS 25-(OH) Vitamin D TOTAL тестот, кој дава реална слика за точната вредност на циркулирачкиот витамин Д. Најновата генерација на реагенси изработени за најсовремена апаратура за точен резултат на циркулирачки витамин Д.

Закажете термин и искористете ја понудата за испитување на витамин Д и калциум по цена намалена за 50%!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија