Велоуикенд около Беласица

Да не ви се вози точак околу фантастичната Беласица?

Овој викенд, бугарското здружение „Велоразходка” организира меѓународен велопоход – обиколка на Беласица со едно преспивање во Стар Дојран. А бидејќи е меѓународен, што да не присуствува и вашата екипа ако сака, нели? 

Велосипедскиот поход околу Беласица е традиционален вело-настан во Бугарија кој оваа година е планиран за викендов, 31 октомври и 1 ноември, со тоа што комшиите се организираат во Софија и со превоз одат до Кулата, граничниот премин со Грција. 

Од таму, оваа година се тргнува према јужната страна на Беласица во Грција и првиот ден се вози во должина од 96км асфалт со финиш во Стар Дојран каде се преспива во хотел. Во вториот ден се вози према Струмица па Ново Село и на граничниот премин Златарево тие влегуваат во Бугарија и ќе возат до Петрич.

За сите заинтересирани, а еве гледаме дека ги има и од Македонија (види – коментари од линк) информациите можете да ги најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија