Македонскиот тим за бразилска џиу џица "Д Стронгест & РООТС БЏЏ" повторно ПРВИ во тимскиот редослед на "Serbia BJJ Open 2013"

“Д Стронгест & РООТС БЏЏ” повторно први во тимска конкуренција

260 натпреварувачи од многу европски земји, над 30 тимови – “Д Стронгест & РООТС БЏЏ” повторно ПРВИ во тимска конкуренција. Во предходните 4 турнири тимот беше 2 пати ПРВ и 2 пати ВТОР најдобар тим.

Нашата репрезентација во бразилска џиу џица „The Strongest & Roots BJJ Macedonia” оваа сабота настапи на силниот турнир во Serbia BJJ Open 2013, покрај повеќе од 260 натпреварувачи од Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција, Германија, Полска, Чешка, Данска, Унгарија, Русија, Бугарија, Австрија, Босна, Хрватска, Словенија, Романија и Албанија.

Екипата која е составена од наптреварувачи од македонските клубови, официјални членки на Федерацијата на Р. Македонија во Бразилска џиу џица, под водство на селекторот Ивица Алексовски освоија 10 медали во различни категории и сјајно ја претставија македонската БЏЏ сцена.

Како додаток беше објавено дека тимот “Д Стронгест & РООТС БЏЏ” е повторно ПРВ во тимска конкуренција. На предходните 4 турнири тимот беше 2 пати ПРВ и 2 пати ВТОР најдобар тим.

Три златни медали освоија:

– Менка Стојаноска, Давид Ровчанин и Бојан Христовски во нивните тежински категории;

Три сребрени освоија:

– Селма Биберовиќ, Никола Костадиновски и Александар Заткоски во нивните тежински категории и

Четири бронзени медали освоија:

– Две медали освоиа Бојан Диков и Стефан Митров во нинвите тежински категории и две медали освоиа и Менка Стојаноска и Селма Биберовиќ, но во апсолутна категорија.