Четворица паралимпијци побрзи од златниот олимпиец во Рио

Иако олимпискиот резултат вреден златен медал на 1500 метри освоен ова лето во Рио беше далеку од најдобрите светски достигнувања (такво темпо се диктираше за време на трката), вчерашниот настап на паралимпијците во категоријата Т13 покажа колку блиски резултати постигнуваат овие спортисти. Првите четири места на оваа трка имаа подобар резултат отколку првиот олимпиец во Рио – резултати за почит. 

Во финалниот двобој на 1500 метри од класата Т13 на Паралимпијадата во Рио овие денови, сведоци бевме на врвно издание на првите четворица тркачи кои постигнаа резултат подобар од оној што му го донесе златото на Метју Центровиц на Олимпијадата во Рио. 

Овие резутати не беа постигнати со помош на колички или протези бидејќи категоријата Т13 претставува една од неколкуте категории во кои потпаѓаат атлетичари кои имаат попречување во видот. Од трите категории (Т11, Т12 и Т13) оваа е со најлесно попречување во видот. 

Алжирецот Абделатиф Бака во финалната рудна успеа да истрча со време од 3:48:29 што значеше и нов светски паралимписки рекорд во оваа категорија, но уште поинтересно е дека и следните тројца натпреварувачи, Тамиру Демисе од Етиопија, Хенри Кирва од Кенија и четвртопласираниот Фоуад Бака од Алжир постигнаа побрзо време од златниот медал на Олимпијадата пред неколку недели – 3:50:00 постигнати од Центровиц. 

Иако олимписката финална трка на 1500 метри беше релативно спора и резултатот на Центровиц е 11 секунди послаб од неговиот во првата рунда, а дури 24 секунди поспор од светскиот рекорд, резултатите постигнати од страна на паралимпијците се само показател на посветеноста и напорната работа на овие врвни спортисти, а светските наслови ќе стојат запишани во историјата – „Четворица паралимпијци побрзи од златниот олимпиец во Рио”… 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија