Бујрум на сноуборд фиеста во Нижо поле

Значи, оваа сабота на 7 март битолската филијала македонски бордери ССНЛ подготвува сноуборд натпревар во џибање т.е. правење финтици, скокчиња, скокови, салта, шипки и сè останато што потпаѓа под парк енд пајп елементите од сноубордерството. Ги каниме сите што сакаат да се пробаат или можеби се веќе напреднати во овој дел, а богами ги каниме и сеирџиите да прават што појака атмосфера. Журка, нормално, ќе има после натпреварот.

Jib-Jam натпреварот во Нижеполе е во организација на SSNL – ski & snowboard no limits, група на битолски сноубордери и љубители на зимските спортови кои заедно со скопската Работилница (бајк & борд) и под покровителство на Стрежево спремаат нешто екстра интересно за сите македонски бордери и сеирџии кои сакаат добра журка. 

Натпреварот ќе се одржи оваа сабота на 7 март во сноуборд паркот на ССНЛ во Нижо поле, Стрежево, пријавувањето започнува од 11 часот и чини 500 денари од учсеник. од 12 часот па се до 13 часот ќе започне натпреварот кој ќе има отворен формат т.е. секој ќе има повеќе пати да се проба на разните парк и пајп елементи и да ги покаже своите знаења, трикови и можности.

Натпреварувачите ке имаат прилика да возат на вкупно 5 елементи мегу кои:

  • mini flat box, high pro flat box, flat down/pipe transfer box, flat pipe and butter pipe

Жири комисијата ќе има време од еден час да одлучи кој од пријавените ке постигни најдобри резултати после што ке следи прогласување и доделување на наградите со почеток од 14 часот

Прва награда – CONTRACT jiber jaber BOARD
Втора награда – Комплет зимска опрема
Трета награда – Дуксери и блузи ССНЛ&Работилница

По доделувањето на наградите очекувајте журка во локалното бачило каде што ве чека добро музиче, атмосфера и одлична забава. 

Во разговор со Васко ССНЛ тој вели вака:

  • Со поддршка од Аце Мице, Linki in dub, Omny Directional плус нивни гости, ке се потрудиме заедно со проекција на екстремни филмчиња, прекрасен звук и бар на средина да си поминиме идеално и максимално да се забавуваме!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија