Затворање сезона на маратони

Будимпешта маратон 2014

Изборот за последен маратон во 2014 падна на Будимпешта и се покажа како полн погодок.

Заедно со Др. Никола Николовски и Небојша Царапиќ (маратонци во најава) заминавме на „уште една трка“ без преголеми очекувања. Преубавата Будимпешта, одличното време, перфектната организација (иако 3 недели пред трката маратонот беше поместен од 12/10 на 11/10 поради локални избори), перфектната храна, гостопримливиот народ и масовното учество придонесоа за трка која долго ке ја паметиме.

Вкупно 23.450 регистрирани учесници од кои 5.700 учесници на маратонската трка допринесоа за дополнителна мотивација и позитивен адреналин за времетраење на целата трка.

За дополнително уживање при трчањето покрај големиот син дунав допринесоа гостоприливите домаќини кои ги бодреа учесниците по должина на целата стаза. Како резиме, топло ја препорачувам Будимпешта за сите маратонци кои сакаат да трчаат во убав амбиент.