Наслов

Брзински искачен и Ортлер - највисокиот врв во источните Алпи

Денеска на 08.08.2017, Александар Кирковски од ПК Македон успеа брзински да го искачи и највисокиот врв на источните Алпи - Ортлер 3905 м.н.в. 

На Кирковски му беа потребни 3 часа и 11 минути за искачување на врвот висок 3905 мнв, тргнувајќи од гратчето Солда/Сулден кое се наоѓа на 1850 мнв. по класичната патека преку домовите Табарета и Пајер. Поради нестабилните временски услови и тежината на теренот тој го запре мерењето на време на врвот, без регистрирање на симнувањето кое го продолжи во сигурно темпо. 

Ортлер е врв кој се наоѓа во областа Јужен Тирол и истиот за прв пат е искачен 1804 година. Од домот Џулиус Пајер кој се наоѓа на висина од 3030 мнв. рутата се карактеризира со карпест гребен кој има детали со оцена III+ UIAA и движење по глечер со бројни пукнатини кој се наоѓа на самиот врв. 

Домот Пајер и врвот Ортлер

И покрај атрактивноста и значењето на врвот, досега истиот го имаат искачено помалку од 10 македонски планинари. Рекордот на патеката со качување и спуштање во Солда во поволни услови и сериозна логистика, го држи италијанскиот планински тркач Марко Де Гаспери кој подвигот го има исполнето за 2 часа и 36 минути. 

Пред само два дена, Кирковски успеа да го качи и симне Мон Блан 4810 мнв.за 6 часа и 26 минути. 

08 Август 2017

За авторот