Соло над големата вода

Псикоблок, односно „лудиот болдер“ преведено од шпански, зазема сè поголем замав во спортското качување. Овој август се планира екстензија на веќе одржаните натпревари во Билбао, кои сега ќе добијат поголем формат и преместување во Олимписки Парк.

Псикоблок, односно deep water soloing претставува соло качување по карпи (или болдер) но спортот се изведува над водено тело кое има солидна длабочина. Тоа, соло, во името на спортот кажува дека нема јажиња ни бутур, па се лизнеш, ќе пливаш.

Овој тип на качување, иако во скоро време станува популарен, датира од доцните 1960ти и 70ти. Вистинското развивање го доживува во 1990тите, а ден денес се смета за мејнстрим од различните видови на спортско качување.

По успехот на првиот Псикоблок натпревар во Билбао 2011, ивентот добива поголем формат и оваа година ќе оди како Psicobloc Masters Series. Настанот ќе се одржува ова лето од 30ти јули до 2ри август во олимпискиот базен во Јута каде што ќе бидат поканети најдобрите качувачи и ќе следат четири дена на натпреварување.