Барса ќе го тестира малиот „клон“ на Меси

Клаудио Нанкуфил, осумгодишното момче од Аргентина кој ја има истата приказна со хормонот за раст како и Лео Меси станува медиумска сензација откако Барселона го зема за проба.

Клаудио Нанкуфил кој доаѓа од Андите поради неговиот исклучителен фудбалски талент доби можност да се покаже во една од најголемите екипи во светот, Барселона. Тој првично ја здобива популарноста откако се појавува во малиот клуб Мартин Гуемс кој е стациониран во малиот град Барилоче кој е познат по скијањето, а не по фудбалот.

Претседателот на клубот Марсело Ерналз изјавува дека веднаш откако почнал да игра фудбал на возраст од четири, Клаудио бил различен во техниката од сите негови другари. Интересно за него е тоа што тој е физички мал и го има истиот проблем со ниските нивоа на хормонот за растење како што имаше и Лионел Меси и моментално е на терапија.

„Среќни сме затоа што и малиот и неговата фамилија добија ваква шанса“, вели Марсело Ерналз.

За малиот талент биле заинтересирани и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а после нова година тој заминува на Пиринеите на пробни тренинзи.

http://youtu.be/22-lZGiL7LE

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија