Во очекување на првиот Балкан Бајк Фестивал

Следниот викенд Скопје ја има честа да биде домаќи на првиот Балкан Бајк Фестивал кој ќе трае три дена и ќе биде одлична промоција на секој аспект од велосипедизмот на пошироката јавност.

Фестивалот ќе започне наредниот викенд во петок на 19ти Септември во 20h и ќе трае до недела 21ви Септември. Во оваа временска рамка, посетителите на фестивалот на две главни локации, плоштадот Македонија и врвот на планината Водно ќе имаат можност да бидат гледачи на неколку официјални натпреварувања, но и да бидат дел од рекреативни велосипедски тури и да посетат разни штандови, работилници и разни забавно културни, едукативни активности.

Отварањето на фестивалот ќе биде придружено со богата културно забавна програма и велосипедски спектакл на тимот велосипедските акробати од SavageSkills Англија. БМХ натпреварувњето како и поголемиот дел од забавните активности ќе се одвиваат на градскиот плоштад додека натпреварувањата во планински велосипедизам ќе се одвиваат на падините на Водно.

 

Првиот Балкан Бајк Фест е во организација на МТБ клубот Оксижен, но беше потпомгнат и од Велосипедската федерација на Македонија, Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Агенција за развој на туризмот и Владата на Република Македонија,  канцеларијата на Европската Унија и дипломатскиот кор.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат 4 професионални натпреварувања:

• Балканскиот шампионат во планински велосипедизам,
• Меѓунарнодната УЦИ трка за бодови за европската велосипедска
лига,
• Планинско велосипедски маратон за бодови за македонската
велосипедска лига
• БМХ натпреварување за шампион на Македонија.

На Балканското првенество велосипедистите ќе се натпреварувруваат во категорија јуниори, до 23 години и елите во машка и женска категорија, а натпреварот ќе биде согласно техничките правила на Балканската велосипедска федерација.

Во рамки пак на УЦИ трката за бодови се очекува да пристигнат околу 200 професионални велосипедисти од повеќе од 15 држави и околу 50 домашни велосипедисти кој ќе се натпреваруваат во категорија јуниори, до 23 години и елите во машка и женска категорија.

Натпреварувњето ќе се одвива на врвот на Водно и патеката ќе биде во должина од 4 километри. Трката ќе се одвива според правила на УЦИ а чии претставници ќе бидат
исто така присутни.

 

Покрај професионалните натпреварување за време на фестивалот ќе се одржат и повеќе рекреативни натпреварувања како и рекреативен маратон за сите љубители на велосипедизмот, фото-натпреварување на тема велосипедизам и предвидено е велосипедско училиште и трка за најмалите.

За време на одржувањето на првиот Балкан бајк фестивал влезот ќе биде бесплатен со цел да овој фестивал и неговата содржина што повеќе се приближи до сите посетители кој сакаат да осознаат повеќе околу велосипедизмот и неговиот учинок во развојот на туризмот.

Сите оние кој имаат намера да се натпреваруваат професионално и рекреативно во рамки на првиот балкан бајк фестивал рокот и условите за пријавување ќе може да ги прочитаат на веб страната.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија