Балет на велосипед
Уметност, акробатика и велосипедизам во едно! Што ли нема да измислат како освежување на старата класична школа…
Овој “new wave” правец се вика уметнички велосипедизам, а правилата за поен се акробациите кои се изведуваат пред судиите да траат околу пет минути.
Можат да возат самци, парови, па дури и тимови од шест велосипедисти. На видеото ќе видите како германските артистички шампионки Карла и Хенриета Хокдорфер буквално играат балет на своите велосипеди. Јако!