Наслов

Балабан и Ивановска по норма за Рио2016

На претстојниот Светски куп во спортско стрелаштво (ISSF World cup Gabala, AZE) кој ќе се одржи од 6 август до 16 август 2015 г. планирано е да настапат нашите спортски стрелци Нина Балабан и Ана Ивановска во дисциплината 10 метри воздушна пушка, жени. Според програмата на организаторот натпреварот во дисциплината воздушна пушка 10 метри жени е предвиден да се одржи на 10 август 2015 година.

Според програмска активност на МССФ се очекува после завршување на подготовките формата да се подигне за Ана Ивановска 10 кругови, а за Нина Балабан 5 круга (414,00 и влез во финале).

МОК во целост ги покри трошоците за настап на нашите спортисти на овој светски куп, со надеж и верба во реализација на нивните најдобри постигнувања за време на претстојниот светски куп.

06 Август 2015

За авторот