Аутобан за велосипеди во Минхен?

Можеби Германците се опседнати со автомобили, но во Минхен ќе се случуваат вело-промени…

Ако се оди според плановите во Минхен наскоро ќе има вело патишта со две ленти од секое предградие до центарот на градот, каде велосипедистите ќе можат без застанување да стигнат до посакуваната локација.

„Ако патот е премногу долг, има премногу брда и крстосници каде луѓето треба да застанат, луѓето воопшто не би го користеле велосипедот” – велат од ADFC Munich, локална вело група. Идејата е да се олесни патувањето и на луѓето кои живеат надвор од градот, а од друга страна да се стимулира користењето на велосипедот како превозно средство, во град кој има сериозен проблем со големи сообраќајни метежи.

Како и повеќето други градови, и во Михен најчесто велосипедските патеки се користат како паркинг за автомобили, па само на последниот ден од јули се регистрирани 50 несреќи со велосипед.

Еден од планираните вело-патишта би го поврзувал центарот на градот, главната станица и фабриката на BMW која брои 26.000 вработени. За сега плановите се сè уште само на хартија, но ако мрежата на вело-патишта се одобри веќе следната година може да се започне со проектот.

Вакви неколку вело-патишта веќе функционираат во Лондон, а Лондончани исто планираат да ја прошируваат мрежата во иднина, со тоа што една насока ќе поминува и пред Бакингaмската палата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија