Апел од МСКФ-Комисија за уредување на качувачки локалитети

Апел за безбедност на локалитетите за спортско качување

Почитувани

Качувачката сезона започна, и оваа година забележуваме доста голем интерес за спортско качувачките насоки и претпоставуваме и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи да расте и се развива во тековната година.

Како што верувам дека сте информирани, Македонската Спортско Качувачка Федерација како легитимна спортска организација го застапува спортското мачување и качувачкиот спорт и преку нејзината Комисија за Уредување за Качувачки локалитети се грижи за спортско качувачките насоки и ја проценува нивната безбедност.

Оттаму би сакале со ова ИЗВЕСТУВАЊЕ да ви посочиме и воедно да ве информираме за одредени правила и стандарди кои се усвоени и се применуваат при качување на спортско качувачките насоки на сите локалитети ширум Р. Македонија.

1. Кога се поставува систем за обезбедување одозгора(топ роуп), се поставуваат сопствени комплети (карабинери) на клиновите на сидриштето или на алката, така што системот секогаш треба да биде на две точки (два карабинера). Последниот кој ја качува насоката, се преврзува или се префрла на карабинерите на самото сидриште и потоа ја собира ошремата. Овој систем е усвоен од причина што се спречува триење на карабинерите од сидриштето и со тоа непотребното абење на истите. Насоките се за сите нас, итреба да се потрудиме да ги зачуаваме и да ја запазиме безбедноста на истите.

2. ВНИМАВАЈТЕ НА ОДРОНИ -пролет, почеток на качувачката сезона. Фрекфрентноста на качување на насоките преку зимата е значително намалена, а снеговите студот, водата и ветрот си влијаат врз компактноста на карпата, така што неретко може да се случи да се одронат блокови, помали или поголеми, при што во овој период треба многу да се внимава. Ние предлагаме ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ НА КАЦИГА ! ! !. Посебно да се внимава на локалитетот МАТКА.

3. ЧИСТЕЊЕ НА РАСКЛАТЕНИ КАРПИ. Доколку процените дека некое парче карпа представува опасност за вас и другите качувачи, доколку сте во можност и знаете како, пожелно е истого парче да го одстраните со алпинистички чекан или сличен алат. Притоа вниѓавајте при падот на парчето, да не ви го оштети вашето јаже, или да повреди некој под карпата (вашиот партнер, случаен минувач, набљудувач или сл.)

4. ПОНЕСЕТЕ СИ ГИ ВАШИТЕ ОТПАДОЦИ СО СЕБЕ. Неретко де случува кај нас, честопати и од наши ко-качувачи, за време на престојот на природна карпа и по заминувањето да осамната на локалитетите разни отпадоци од храна, отпушоци, кеси и слично. Сите ние спортски качувачи, алпинисти, планинари, спортски ентузијасти па и обични посетители би требало да се грижиме за нашите локалитети. Не не чини ништо да оставиме добар пример и совесно да си го понесеме отпадокот со нас.
Кората од банана е био-отпадок и се разградува, се согласувам, но не се согласувам ако е “плесната” на сред планинарска или пешачка патека, дека изгледа вкусно и се вклопува во амбиентот. Запамтете, природата е на сите нас, и сите сме должни да се однесуваме совесно околу тоа прашање.

5. ОДЕТЕ ВО WC НА ИЗОЛИРАНО МЕСТО ИЛИ ДОКОЛКУ ИМА, НА ОЗНАЧЕНО МЕСТО. Доколку сте во можност пожелно е да го закопате септикот.

Овој официјален допис, односно апел за внимание го испраќаме со цел безбедно, пријатно и непречено качување на локалитетите ширум Р.Македонија

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија