Американската „војна“ меѓу велосипедистите и возачите

И додека поголемите и поразвиените европски градови кои се и едни од најразвиените светски велосипедски метрополи го имаат решено проблемот со инфраструктурата и културата на движење која целосно го изолира и заштитува велосипедистот во градскиот метеж, Америка мака мачи со зголемениот број на велосипедисти и безобразните возачи на автомобили. Македонија за тоа време преку Критична Маса активно се обидува да направи некаков прогрес, а Бразил дава пример за решавање на еден од проблемите.

Денис Лири во неговиот сурово нервозен стенд-ап шоу одлично ја имаше доловено жалната вистина за американскиот проблем со велосипедистите низ државата кои мака мачат да се изборат за својата педа асфалт на која културно ќе можат да се пренесат од А до Б.

  • „Сакаш да возиш велосипед, пресели се во Кина. Нели гледаш дека во Менхетен нема сообраќаен лимит за возилата.”

HBO Real Sports во неколку епизоди го разработува проблемот на американските урбани велосипедисти, можностите за културно и квалитетно возење велосипед низ дражвата и честите конфронтации во т.н. војна на велосипедистите и возачите во САД.

Статиститката вели дека во САД во последната декада имало пораст од 60 проценти на користење на велосипедот како превозно средство низ урбаните места што е за отпоздравување, но во последните три годни овој пораст беше придружен и од 20 посто повеќе смртни случаи на велосипедисти од моторни возила.

Големите урбани места како Сан Франциско и Њујорк се преполни со хаотичен и нервозен сообраќај кој е далеку од нормално место за изложените велосипедисти. Тие секојдневно водат војна за простор и пред се култура во сообраќајот кој ќе им овозможи безбедно користење на велосипедот како средство за транспорт.

За разлика од нив, Европа се смета за рај на велосипедистите особено во градовите во кои се донесени потребните услови за возење на точак, но и културата е подигната на едно далеку повисоко ниво.

Во видеото погоре, HBO дава краток но сериозен осврт на оваа тематика како и дава примери за тоа каков е сообраќајниот „хорор” во овие градови. Подолу пак во крајно интересно видео еден Бразилец ги превзема работите во негови раце и го „помрднува” малото количе кое е паркирано директно на неговата велосипедска лента.

 

На другата страна од светот, во Македонија, периодов се одржуваат неколкуте Критични Маси кои имаат за цел да ја подигнат културата за велосипедското движење низ градовите. Конкретно за главниот град оваа е #39-тата Критична маса која ќе врти за „Безбедни брзини за безбеден пулс на градот”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија