Америка со кампања против скијањето во фармерка

Додека скијачкава сезона се тегави поради неконкретни временски услови, добри вести стигаат од Америка. На Балканот му е одземена честа да биде локацијата каде вирее ендемичниот вид на зимски љубители кои клечат на спуст или везат „христијани“ во тесно припиен за нога „петстокец“. И тие кутрите го имале овој сериозен моден проблем, а ние имаме додатен.

Кампањата е покрената од  Downhill Threads, компанија за маици кои имаат скијачка содржина на нивниот принт, а овде можете да ја пазарите маичката која вели: „Friends don`t let friends ski in jeans“ во превод: „Вистинските другари не дозволуваат своите другари да скијаат во фармерки“. 

Штета што мораме да им најавиме дека ние сме понапред од нив!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија