Алтер Его од под „штитот“
Не дека многу пратиме американски фудбал (далеку од фудбал е тоа, ама така си го викаат) ама ракавициве баш таа намена најдоа да ја имаат. Сепак, топ изгледаат, а и се спортска опрема која можеш да ја користиш и на друго поле.
Ракавиците се на Under Armour, а се викаат Alter Ego HIGHLIGHT GLOVES, па од таму ни искрсна насловот.
Се работи за линија на профи ракавици специјализирани за американско рагби, а омотот им е од скоро целата линија на Марвел стрип карактерите.