Алшар 2016 – ние и сонцето

Во предел кој плени со неговата изолираност, чистота и природна убавина, викендов на 11 и 12.06.2016 стотици луѓе имаа можност да уживаат во активностите на отворено на првото издание на фестивалот „АлШар – Допри го сонцето” кој се одржа во скриеното кавадаречко Мариово и прекрасните падини на Кожуф планина. Уживајте во видеото… 

Нашиот тим беше присутен во текот на двата дена и успеа да ги документира и накратко да ги пренесе прекрасните и позитивни вибрации кои струеа викендот, а како избор во неделата беше земена „Големата” велосипедска МТБ тура која не остави воодушевени од фантастичната природа на планината и скриените попатни селца.

Останатите велосипедисти имаа можност да возат и пократка дистанца – до селото Мајден и рудникот Алшар, планинарите и трчачите уживаа на свој начин на две тури организирани од ПД Орле и Меридијан Атлетик од Кавадарци, а оние кои не фатија учество со овие понуди можеа да уживаат во одичниот камп во селото Мрежичко. 

Организацијата на кавадаречките „Тиквешки Точакџии” беше на исклучително високо ниво со задоволување на сите предуслови на добра журка и уживање во природата. 

До следната година ова време, уживајте во нашето видео… 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија