Активности на ФПСМ по повод Светскиот ден на планината

На 11 декември се одбележува Светскиот ден на планината на меѓународно ниво. По тој повод Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, оваа година планира повеќе активности.

Светскиот ден на планината и оваа година ќе биде одбележан преку повеќе активности во организација на ФПСМ, со цел да им се приближи планината на луѓето, но и да се подигне свеста за зачувување и заштита на природата.

Предвидени се презентации кои ќе се одржат во ДХО „Даре Џамбаз“, на 11 декември (четврток) со следната програма:

  • 18:00 – Мон Блан 4810 мнв и Дуфоршпице 4634 мнв од италијанска страна (Васил Трендафилов)
  • 18:30 – „Љубох” – кратко видео (Игор Јовановски)
  • 18:40 – Ултра-треил ду Мон Блан 2014 (Светлана Стојаноска)
  • 19:00 – БМУ експедиција 2014: Елбрус 5642 мнв (Живко Темелкоски)
  • 19:30 – Аконкагва 6963 мнв (Маја Лазиќ)
  • 20:50 – Ленин Пик 7134 мнв (Горан Николоски)
  • 20:10 – К-2 8611 мнв (Здравко Дејановиќ)
Во недела, на 14 декември, сите вљубеници во планината и природата ќе може да се приклучат на некоја од трите планинарски тури во организација на ФПСМ, за кои повеќе можете да дознаете тука.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија