Ако одите во Портланд..

..летово, ѕирнете го музејов.

 

Се работи за изложба која ќе трае од 8 јуни до 8 септември годинава во Музејот на уметноста во Портланд. Cyclepedia, како што се вика егзибицијата, ќе вклучи колекција на австрискиот велосипедскиот дизајнер и точкарскиот приврзаник Michael Embacher во која се опфаќа еволуцијата на велосипедскиот дизајн. 

Во неа ќе бидат вклучени 40 разни велосипедски дизајни за тркачки, туринг, тандем, урбани, карго, детски, маунтинбајк и уште какви не велосипеди. 

Ова погоре е знакот кој стои над влезот од музејот, составен од 475 точкарски шлемови. А, ова подолу е неговата колекција.