Академијата Форца Волеј со успешен настап во Полска

Одличен резултат постигна подмладок на Форца Волеј на силниот меѓународен турнир во Јасло, Полска. Во конкуренција на 12 екипи, комбинираниот состав од на Академијата го освои петтото место, а многу малку недостасуваше да се бори за едно од првите три места.

Во три натпреварувачки денови, Форца издвојува 6 победи и два порази. Одличниот настап на мешаниот состав од пионерки и кадетки покажа дека рамноправно може да се носи со своите интернационални ривали и важеше за најголемо изненадување на турнирот.

Од вкупно 12 екипи натпреварувачки Форца Волеј издвојуваше петто место на финалната табела.

Ден 1 прва група
– Форца Скопје-Стропков Словачка 2-0(25-12,25-17)
– Форца Скопје-Морис Јасло Полска 2-0(25-11,25-16)
– Форца Скопје- Украина 2-0 (службена, екипата касно пристигна)

Ден 2, полуфинална група
– Форца Скопје-Спарта Самбор Украина 2-0(25-14,25-19)
– Форца Скопје-Елба Прешов Словачка 2-0(25-19,25-17)
– Форца Скопје-Олимп Прага Чешка 1-2(19-25,25-22,12-15)

Ден три, група од 4 до 6 место
– Форца Скопје-Екстрим Горица Словачка 2-0(25-19,25-20)
– Форца Скопје-Дебрецен Унгарија 0-2(18-25,19-25)

Турнирот го освои екипата Сату Маре од Романија.


 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија