АК Куманово со доминација на финалето на Сениорскиот Куп на Македонија во атлетика

На 27-28 мај на Телеком Арената се одржа Финалето на Сениорскиот Куп на Македонија во атлетика, натпревар во кој во двата натпреварувачки дена атлетските клубови од Македонија се борат за титулата најдобар сениорски клуб во Македонија.

АК Куманово успеа да ги освои сите 3 пехари, односно да победи во 3- категории, најдобра машка, најдобра женска и најважната категорија севкупната – најдобар клуб воопшто.
Во машката категорија второпласирна екипа беше Лирија (Скопје), а третопласирана Работнички (Скопје). Во женската категорија редоследот меѓу овие 2 клуба беше сменет, а и Студенти (Тетово) се најде на делбата на 3-место со Лирија.
Во севкупен пласман, категорија која значи и најдобар клуб, се собираат поени од машките и женските екипи на клубовите, за да се изврши рангирањето. Редоследот ова година е следен:

АК Куманово – 89 поени
АК Лирија – 71 поен
АК Работнички – 66 поени.

Од АК Куманово се задоволни од освојувањето на Купот, посебно затоа што имале малубројна и доста млада екипа. Но сепак нивниот успех трае повеќе години, имено во периодот од 3 сезони 2014-2016 тие завршија како најдобар клуб во државата.
Заслужни се разбира се сите членови но како поединци што најмногу допринесоа за овој успех се Милан Вељковиќ, Марјан Нојковски, Никола Стојановиќ, Матеја Ефремовска, Катерина Тимчевска.
Нивниот тренер Филип Колевски далеку повеќе го радува фактот дека се и клуб што веќе 4 сезони поставува повеќе државни рекорди, убедливо поголем број во споредба со било кој друг клуб. Оваа година засега има 3 државни рекорди, но има уште доста па очекува оваа бројка да расне. За споредба и со најрекордерската година за АК Куманово беше 2015 год. со 13 рекорди. Оваа година освоија медаљи од меѓународни натпревари од Србија, Бугарија, Албанија, но допрва ги очекуваат поважните меѓународни првенства.

Инаку Куп во атлетика е доста интересн натпревар и функционира на освојување на поени соодветно на остварени резултати, а не само пласмани. Значи треба да се постигне одреден резултат, да се истрча одредено време, да се скокне одредена далечина или фрли над одредена должина за воопшто да се освојат поени. Максмимум првите 6-пласирани освојуваат поени, но можно е ни првопласираниот да не освои ниеден поен. Така се случи во неколку дисциплини на овој Куп, а во повеќе други освои само 1 или 2 атлетичари/ки.
Затоа побитен е квалитетот, а не квантитетот на атлетичарите/ките во Клубот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија