Ајмо наши!

Започна 23-то Светско ракометно првенство кое се одржува во Шпанија. Денес во 15:45 нашата репрезентација ќе го игра првиот натпревар против Чиле па ајде со сите сили да ги бодриме нашите играчи до уште еден феноменален настап на интернационалната сцена.

На овогодинашното СП во Шпанија ќе настапат 24 репрезентации поделени во четири групи. Македонија се наоѓа во групата Б заедно со Данска, Исланд, Русија, Чиле и Катар, а во осминафиналето ќе влеземе само доколку избориме место помеѓу четирите најдобри по групната фаза.

Затоа ајде сите заедно, за Македонија!