ХексЛокс – Имбус мафија против арамии

Ако сте од оние кои имале некоја среќа (ако може да се каже) во несреќа па не му го украле цел точак туку само некој дел, наидовме на тазе револуционерен систем за блокирање на сите имбус шрафови. А со „квик релис” шо прајме?

Ако гледаме од аспект на еден цел велосипед, тогаш тој е накитен со мал милион делови кои може да ви бидат украдени и покрај тоа што рамот или можеби рамот и едното тркало ви се сигурно врзани со некаков систем за заклучување за бандера.

Тука се седиштата кој често знаат несакајки да одлетаат, тркалата да се одтркалаат не по ваша вина, а и воланот заедно со стемот не се имуни. Единствено што арамијата треба да поседува е основни клучеви за точак, ама не и ако вие поседувате ХексЛокс

Овој многу едноставен и револуционерен систем е составен од минијатурно делче/шрафче кое пасува во три различни димензии на отворите на имбус шрафови кои се стандарден дел од секој велосипед – #4, #5 и #6. Практично, ова мало шрафче кое работи на принцип на магнет го внесувате во имбус дупчето и тоа делува како блокада за клучот кој треба да влезе т.е. да го отвори системот. 


СИГУРНО, АМА СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА – КАКО НЕ СЕ ЗАКЛУЧУВА ТОЧАК!


Истото се аплицира и вади единствено со помош на посебно клуче кое доаѓа со него и досега е многупати тестирано дека не бидува да го извадиш со било кој друг механизам освен со неговиот. Според информациите од производителот, истото било тестирано од Берлинската Асоцијација на Бравари. 

Дополнително многу важна работа е тоа што клучевите се дизајнирани уникатно за секој корисник т.е. со купување еден сет, само вашиот клуч одговара на вашите шрафчиња (ова уште се прашуваме како го имаат изведено ама нејсе)

Со купување на еден сет, истотака, добивате картичка со код со која подоцна можете да си докупите повеќе шрафчиња кои ќе пасуваат на вашиот клуч. 

Е сега, единствено што треба да направите доколку деловите од вашиот велосипед не се со опремени со имбус системот е тие да ги промените и да си купите колку што ви требаат шрафчиња ХексЛокс.

Моментално проектот е на Кикстартер и има собрано дупло повеќе отколку што има побарано, па ѕирнете, може ќе си пазарите по поевтина цена. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија