Африка се сошива преку јога

Во најсиромашните ќошиња на Африка, онаму каде што луѓето се сиромашни затоа што немаат ни трошка надеж, а не па нешто повеќе, фондацијата Africa Yoga Project лечи цели општества преку масовно одржување на јога часови кои се преплавени со луѓе од секакви возрасти кои бараат трошка гратис енергија и среќа. Која е убавината кога некому ќе помогнеш.

Во 2007та година, во Кенија се случуваат претседателските избори кои носат огромни насилства и тензии помеѓу бандите и племињата.

Истата таа година, група на младински активисти, меѓу кои и Барон Баптист, инфлуентна фаца во интернационалната и американска јога сцена, ја формираат организацијата The Africa Yoga Project која има намера да ја употреби јогата како алатка преку која може да се постигнат сигнификантни резултати во едно (скоро руинирано) општество доколку истата масовно се инкорпорира.

Тие веруваат дека јогата може да го смени животот без разлика на расата, националноста, полот, возраста или економскиот статус и дека токму на оние луѓе кои живеат во сиромаштија (материјална и духовна), јогата може да им ја смени перцепцијата и осетот за тоа што е возможно во иднината. 

До оваа година создаваат една масовна мрежа на вработени како јога учители, волонтери, приврзаници, амбасадори, но и огромна бројка на Кенијци (над 5,000) кои учествуваат на редовните јога часови со што буквално го крпат нивното општество, промовирајќи насмевка, благосостојба и надеж во срцата на секој човек. И сето тоа функционира!