Адидас дига револуција против потта на наочарите

Затоа што потта стварно напнува кога се слева (и останува) по наочарите во екот на напорите што ги вложуваме за време на тренинг, спортување, велосипед итн. Адидас од идната година ќе направи иновативно хидрофобично справување со овој течен феномен.

Понекогаш и самите веѓи, чија главна функција им е да ја бркаат потта од челото да не оди во очите, не можат да се справат со количината што се слива за време на напорен тренинг или натпревар, поготово во топлите денови.

А, потта пак, од друга страна пак си е физиолошка функција што тешко може да се модифицира па Адидас се свртеа кон варијаблата која полесно се менува.

Компанијата го воочи проблемот и почна да размислува далеку од едноставното спречување преку разни сунѓери и штитници. Инжињерите ја искористија физичката карактеристика на восокот кој со неговата хидрофобност ја одбива водата и влагата и успеаја да направат перфектен слој со ваква функција.

Се работи за восочен слој што има хидрофобични карактеристики кој ќе биде аплициран на сите спортски Адидас очила од идната година. Слојот, кој ќе биде аплициран од двете страни на очилата ќе овозможи водата без разлика дали чиста, солена или валкана лесно да се тркала по очилата со што ќе се остави чиста површина која нема да смета.

Бонус е тоа што самата течност, како што се тркала ги собира нечистотиите од леќата.

Сето ова функционира поради високите хидрофобичните својства на восочниот слој кој формира тап контактен агол на капките вода, нешто слично на ефектот Лотус (Lotus effect). Ова ја прави површината тешка за мокрење.

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија