Абдурахим Идризи со сребро во Ерзурум

Од 06 до 09 Август се одржа големиот меѓународен турнир Паландокен 2015 во Ерзурум Турција, Абдурахим Идризи се закити со сребрен медал во категоријата КАТА КАДЕТИ.

После 4 прекрасни изведби, во финалето се сретна со актуелниот европски првак од кого загуби и мораше да се задоволи со сребрен медал.
Додека во кумите Идризи во првото коло се сретна со Ирански предатавник кого при водство од 2:0 на само 3 секунди пред крајот, противникот го повредува со намера. Иако Идризи го добива мечот, докторите не му дозволуваат да ги настави борбите.