7-те врвови во еден час емоција и страст за планината и животот

Вчера на 24.12.2013 во музејот на Mакедонската Борба во Скопје се одржа интересен настан. Презентацијата насловена како ИНТРОСПЕКТИВА НА 7-ТЕ СВЕТСКИ ВРВОВИ од Д-р. Сашко Кедев во организација на Агенцијата за млади и спорт беше проследена од бројна публика и со воодушевување од преполната сала. 

Д-р Сашко Кедев ги презентираше своите искачувања на највисоките врвови на сите 7 континенти и со голема страст објаснуваше за сите пријатности и непријатности кој биле дел од неговите авантури. Покрај планините со голем жар раскажуваше за неговата работа како интервентен кардиохирург низ светот и со многу чувство и филозофија ја доближуваше секоја фотографија до публиката.  

Ова се врвовите највисоките врвови на сите седум континенти кој Д-р Сашко Кедев ги има искачено. 

  • Аконкагва 6962 м.н.е – Јужна Америка
  • Мекинли 6195 м.н.е – Северна Америка
  • Килиманџаро 5895 м.н.е – Африка
  • Еверест 8850 м.н.е – Азија
  • Елбрус 5642 м.н.е – Европа
  • Картенс Пирамид 4884м.н.е – Австралоазија
  • Винсон 4898 м.н.е – Антартик

Патеписот на Кедев (Еверест 2009)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија