50-тина авантуристички совети
Не постои лоша авантура, само лошо друштво!
- Секогаш носи челна лампа
- Најдобро место за чување на екстра батерии за лампа е во друга лампа – кажано од извесен водич во Алјаска
- Кога се чуствуваш истрошен, јади и јади што повеќе. Кога се чуствуваш добро, успори – совет за ултрамаратонски трки
- Не купувајте опрема, купувајте авионски билети – Ивон Шуинард
- Не се обидувај да вложуваш напор, само врти – за вело-туринг на долги дистанци.
- Секогаш носи лажица со себе. Не сакаш да промашиш некој бесплатен ручек.
- Секогаш носи тањирче или длабока чинија со себе, или ќе останеш гладен.
- Грамите се еднакви на килограм, а килограмите на болка – Непознат
- Не легнувај во вреќа со мокри чорапи.
- Не очекувај солидно спиење за време на кампинг – очекувај серија на дремки.
- Ако некогаш се прашуваш дали треба да станеш и искочиш од шаторот за да мочаш, и дали може да продолжиш да спиеш без да го направиш тоа – искочи и уринирај.
- Проверувај ги јазлите – Крис Калус
- Шлемот скоро секогаш ти го штити мозокот повеќе отколку што тоа го прави некоја модерна капа.
- Болката е само чувство – Стиви Свенсон
- Геолошкото време го вклучува и она „сега” – Гери Роач
- Некогаш треба да се јаде нешто што не ти се допаѓа – Џејсон Сајм
- Секогаш проверувај дека шишето ти е затворено
- Ако боли кога одиш и ако боли кога трчаш, трчањето ќе боли помалку време – Броди Левен
- Посвети се – Меган Хикс
- Ако можеш да следиш, тогаш можеш и да водиш
- Изгореници од сонце се за аматери
- Практично не сакаш да паднеш кога водиш на качување на мраз – Ли Смит
- Никогаш не се работи за целосно „водоотпорна” јакна. Тоа е повеќе како „јакна која споро се мокри”
- На крајот сите стануваат скии за по камења
- Некој тоа може да го вози на точак без амортизери
- Глупавите работи прави ги една по една.
- Колку повеќе знаеш, толку помалку ти треба – Ивон Шуинард
- Ако сакаш да одиш ултра – лесно тогаш осигурај се дека имаш ултра – искуство
- Шансите на навистина тешки искачувања не се во твој прилог. Затоа нема изговор ако се појавиш неспремен или надвор од форма.
- Не постои лоша авантура, само лошо друштво
- Така е работата со целите, тие едноставно не лежат и те чекаат
- Никогаш не стои кога можеш да седнеш, никогаш не седи кога можеш да легнеш
- Одењето 1 километар на час без паузи е секогаш побрзо од одењето 2 километри на час со пауза секои 5 минути.
- Повеќето шатори се бескорисни без шипките
- Никогаш не планирај дека нема да врне
- Постојат два едноставни начини на кои можеш да умреш во пустина – жед и давење
- Научи како се менува гума и носи си со себе
- Диши.
- Полесно е да останеш отколку да искочиш надвор.
- Ќе ти помине
- Прво одбирај ги партнерите, а подоцна целите
- Идеалните околности скоро никогаш не резултираат со интересни приказни.
- Ако секогаш ја јадеш убавата храна прво, секогаш ќе јадеш убава храна.
- Не го проценувај времето од вреќата за спиење.
- Оди просечно, оди често
- Ако проблемот има решение, зошто да се грижиш? Ако нема решение, зошто да се грижиш?
- Носи капа.