46то Балканско Првенство во Едрење - Охрид 2013

46то Балканско Првенство во Едрење – Охрид 2013

Околу 210 натпреварувачи од шест балкански земји ќе учествуваат на 46-тиот отворен Балкански шампионат во едрење, кој од 4-ти до 8-ми септември ќе се оддржи во Охрид.

Целиот настан ќе се одвива на три регатни полиња во Охридското езеро, а учесниците од Македонија, Турција, Романија, Србија, Црна Гора и Бугарија ќе се натпреваарува во седум различни класи и тоа „Оптимист”, „Ласер стандард”, „Ласер 4,7″, „Ласер радијал”, „470″, „Фин” и даски за едрење.

„Имаме одобрение од Капетанија за непречено спроведување на настанот, кој ќе се оддржи на три регатни полиња и тоа едно над Канео, над плажата „Горица” и над плажата „Инекс”. Исто така, настанот е надополнет со 8 меѓународни судии и тоа од Романија, Турција, Бугарија и Србија.” – изјави денеска Иван Андреески, генерален секретар на Едриличарската федерација на Македонија.

Македонската репрезентација ја сочинуваат 24 натпреварувачи, од кои 14 ќе се такмичат во класат оптимист, четворица во „Ласер 4,7″, двајца во „Ласер стандард” „470″ и две екипи во класата „470″, по една во машка и една во женска конкуренција.

„Нашава република постигнува сè повеќе добри резултати, а Охридското Езеро пружи можност за многу добри резултати. Се надеваме дека и годинава резултатите нема да изостанат.” – изјави селекторот на македонската репрезентација Драган Ќелешоски.

Ѓоко Апостолов, раководител на ТЛЕР при локалната самоуправа, во името на градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека овој настан од висок ранк претставува можност за продолжување на туристичката сезона и во септември.

„Локалната самоуправа секогаш презема активности во интерес на помагање на вакви манифестации. Во името на градоначалникот Бакрачески, би сакал на едриличарите да им ја изразам логистичката и финансиската поддршка што локалната самоуправа ја дава за оддржување на оваа манифестација. Веруваме дека ова ќе биде доволен поттик за организаторот и останатите помагатели, активно да се вклучат во реализација на идни вакви активност, бидејќи тие се одличен промотер на нашиот град и земја во странство.” – истакна Апостолов.

Трките ќе траат од 45-50 минути, со максимално времетраење од 75 минути зависно од временските услови. Како што појасни главниот судија, Пинар Ѓенч од Турција, предвидено е оддржување на три натпревари во текот на денот.

„Натпреварувањето започнува на 4-ти, а до тогаш имаме доволно време технички се да припремеме. Стартот на трките ќе биде ордреден зависно од временските услови, а за последниот ден е предвидена најмалку една трка.” – истакна Ѓенч.

Инаку, 46-тиот отворен Балкански шампионат во едрење ќе биде покус за една репрезентација, откако нашиот јужен сосед го откажа учеството.