Paragliding Winter Cup

Второ место во категорија под 28 години на Paragliding Winter Cup

Традиционално натпреварувачката сезона во прелети во Европа се отвара во Словенија, на почеток на Март со “Paragliding Winter Cup” оваа година ја имав таа среќа да бидам дел од овој натпревар каде што учествуваа врвни пилоти од Европа. Времето беше неверојатно добро за ова време од годината и имавме четири дена од трки долги 60+ километри.

Јас учествував во две категории Спортска класа и Јуниор класа во која беа пилоти до 28 години и учествуваат со параглајдери до EN-C. По четири дена тркање низ облаците во приморскиот дел на Словенија успеав да се качам на подиум во втората категорија. Севкупен победник е Јури Видич пред Арон Дурогати и Душан Орож.

Да се има добар резултат на овие натпревари е според мене многу комплексна задача, толку многу одлуки и толку многу варијбли, но одвреме на време успеваме да ги направиме вистинските одлуки, дали на среќа или со знаење… без разлика, тие моменти кога знаеме дека сме направиле добра одлука нè прават зависини од потребата да сме во воздух. Предизвикот да се предвидат струењата на воздухот пред нас и да летаме како птици никогаш не згаснува.

Што се случуваше детално може да видите на мојот блог www.windilikeyou.com