Екологика

Еколошкиот остров

Ел Хиеро, најјужниот остров на Канарите кој некогаш важел за крајот на познатиот свет сè додека Колумбо не запловил и го пронашол новиот континент, од оваа година може да се пофали со нешто многу уникатно што другите острови го немаат…

Со целосно откачување на доставите на фосилни горива за електрична енергија, локалното население на островот од оваа година може да се гордее со вистинското значење на независност, први островјани во светот кои можат така да се фалат со тоа што сега користат енергија само од 100% обновливи извори.

Поради големата оддалеченост од шпанското копно, островот никогаш не бил приклучен на централната електрична мрежа, туку постојано користеле танкери за достава на големи количества нафта за да произведуваат струја, процес кој бил доста скап и многу нееколошки.

Наместо ова, сега островот си има ветерници кои се поврзани со хидро централа која се полни кога ветерниците произведуваат повеќе од потребната енергија и се празни кога нема доволно ветер. Тотална слобода и чистота во вистинската смисла.

Доволно е само реченицата кажана од тамошен економист „не знаеме какви ќе бидат цените на нафтата во следните 20 години, но знаеме дека ветерот нема да престане да дува во тие 20 години, а тој е бесплатен.“

Ако се земе во предвид дека островот има 11000 жители, ова е доста добар пример како еден помал град може да стане тотално независен од фосилните горива кои го загадуваат локалниот воздух и се виновници за климатските промени.