Девојката со 100 маратони на 28 години

Со завршување на маратонот во Сан Франциско, Надја Руиз стана најмладата девојка која успешно истрчала 100 маратони на нејзините 28 години.

На само 14 години, малата Надја Руиз за прв пат го трча својот прв маратон. Водена од нејзиниот татко таа успева да го направи овој подвик во нејзините тинејџерски години што воопшто не е мала работа. А, пред иницијалниот маратон, најдолгата истрчана дистанца на Надја била некои скромни 10 километри.

И после првиот маратон, страста и ентузијазмот за трчањето инфективно се проширила не само на нејзе туку и на целата нејзина фамилија. Сега сите во семејството имаат истрчано маратон, а нејзиниот татко има истрчано 49.

100ка како број го одбрала од шала, но кога погледнала во записите, воочила дека ако трча 15 до 20 маратони на годишно ниво, таа може да го сруши рекордот далеку пред 30тата година, поточно на 28та. 

Претходниот светски рекорд го држеше Мелани Џонстон со направена 100ка за 34 години, а оваа недела, Надја со успешното завршување на маратонот во  Сан Франциско таа го превзема гинисовиот трон во оваа категорија.

Надја го истрча 100тиот маратон заедно со нејзиниот татко.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија