Секој од Вас е човек како Нас

Во одлична атмосфера, многу дружба, перфектен репертоар на филмчиња и убава дискусија заедно со поканетите се одржа второто издание на мини-филмскиот фестивал „Луѓе како нас” кој ја разработува темата на планинското трчање. Секој од вас некако скриено влегува во категоријата „Луѓе како нас”. Единствено потребно е да се почека моментот кога истото ќе излезе на површина од вашето битие.