Отворена изложба на фотографии од Прв до Врв

Во текот на изминатата вечер на 01.02.2017 во „НЛБ Галерија” беше отворена првата изложба на фотографии на здружението Прв до Врв кое е активно на повеќе спортско-рекреативни полиња со организација на различни настани низ Македонија. На изложбата можат да се погледнат повеќе фотографии од различни настани и автори фотографирани во периодот од 2006 до 2016 година.

Истата ќе биде отворена до 05.02.2017.