Испраќање на македонската експедиција на „Тур Д Франс“

Надица Димовска, Слободан Трајковски и Андон Сикавица се тројцата македонски велосипедисти кои денес тргнаа за по трет пат да го развиорат нашето знаме на целта од најпознатата велосипедска трка и тоа на нејзиното јубилејното стото издание. Во периодот од 14 јули (15 етапа) до крајот на трката тие ќе бидат придружен дел на караванот од велосипедисти низ 6те етапи кои бројат приближно 1500км. и минуваат преку 7 планински превои до целта. Денеска во 18 часот тие ја стартуваа авантурата која треба да трае до 26ти јули, па до тогаш, среќно и развиорете го сонцето, нека грее!

Фото: Карло