Наслов

Wellness & Yoga камп
Локација: 
Coral Blue Beach , Yerakini, Halkidiki
Држава: 
Hellenic Republic
Датум: 
Недела, 17 Септември, 2017 - 08:45

Контакт

Име и презиме: 
Healthy LIfe Skills

Учење на модерни и древни вештини за надминување на стресот и
подобрување на психо-физичката состојба

Повелете на првиот Wellness & Yoga семинар во Грција " Активирај го детето во себе" камп во кои ќе научите техники за намалување на стресот и стекнете вештини за подобрување на комуникацијата, се со цел подобрување на сопственото психофизичкото здравје. Кампот е наменет за развој на личните потенијали и подобрување на сопственото физичко и ментално здравје. Умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија која се одржува и подобрува преку свесна работа на себе.

Преку јога вежбите го осознавме телото, стануваме свесни за блокадите кои ги имаме на физичкото тело, а преку работилниците за раст и развој ги вадиме од себе емоционалните и менталните блокади и содржини кои ни го кочат сопствениот раст и развој.

Со вашето учество на овој камп, ќе ја подигнете вашата животна енергија, ќе го подобрите сопственото здравје, ќе постигнете урамнотежување на сопствената емоционална и ментална состојба а со сето тоа Вие ќе станете повеќе задоволни од себе и сопствениот личен и професионален живот.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.