Вегефест 2016

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

РЕВОЛУЦИЈА КОЈА ПОЧНУВА ВО ТВОЈАТА ЧИНИЈА – ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ!

Пријатели, активисти, љубители на животните, сите вие кои верувате и се залагате за правичност, хуманост, совесност и разум; кои сте против насилство, дискриминација, системска експлоатација и убивање на животните, вклучете се и поддржете ја зелената треска, поддржете го ВЕГЕФЕСТ !

КОГА И ЗОШТО?
На 30.10.2016 го организираме ВЕГЕФЕСТ сакајќи да го привлечеме вниманието врз правата на животните и веганството како движење за правда за сите живи битија, борба за хуманост и почит кон животот во сите негови форми. Настанот нуди повеќе содржини (информативни, едукативни, забавни), комуникација меѓу добронамерни луѓе, пријателска атмосфера и многу дружење. При тоа акцент е ставен и врз богатата и разновидна веган храна која исклучува продукти од животинско потекло и која како таква е гарант за човековото здравје и соодветно искористување на природните ресурси. Затоа би ни било исклучително драго доколку бидете учесник/поддршка на ВЕГЕФЕСТ, при што, заедно со останатите учесници и активисти на Анима Мунди, ќе придонесете во креирање на хуман свет – свет во кој сечиј живот има вредност и во кој индивидуалната слобода на секое живо битие е неприкосновена.

КАДЕ?
На наше огромно задоволство ВЕГЕФЕСТ 2016 доби безрезервна поддршка од Младинскиот Културен Центар (МКЦ) – сите содржини на настанот ќе бидат лоцирани во просториите на МКЦ. Благодариме МКЦ! 🙂

КАКО МОЖЕ ДА ГО ПОДДРЖИТЕ ВЕГЕФЕСТ?
БИДЕТЕ ИЗЛАГАЧ на ВЕГЕФЕСТ: Учествувајте како излагач на продукти (храна, козметички производи итн) кои не содржат состојки од животинско потекло и не се тестирани врз животни. Продуктите може да ги понудите на продажба и/или дегустација. Од добиената заработка доколку сте во можност и сметате дека е исправно може да донирате процент за помош на животните.

НАСТАПЕТЕ ВО ИМЕ НА ЖИВОТНИТЕ: Како музичар, сликар, писател, танчер, магионичар, спортист… Помогнете ни да преку богата програма понудиме што повеќе содржини и привлечеме/допреме до што поширока публика.

БИДЕТЕ СПОНЗОР НА НАСТАНОТ ИЛИ НАША ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА: Поддржете нè финансиски/или логистички (во организацијата) за да може уште посилно фестивалот да ја артикулира својата порака и им помогне на животните. Помогнете го настанот кој полека, но сигурно станува традиција во град Скопје и во еден ден привлекува илјадници посетители.

Сите кои без надомест ќе нè поддржат и на тој начин помогнат да се шири идејата за ненасилство, правичност, хуманост, свесност, сочувство кон животните ќе добијат Благодарница од Анима Мунди – најактивното здружение за заштита на животните во нашата држава и едно од најактивните здруженија на граѓани во Македонија, од своето основање до денес.

ШТО Е ПОТРЕБНО ДА СТОРИТЕ:
• Вашиот интерес да го искажете не подоцна од 10.10.2016 (неопходно од организациски причини). Пријавете се на: http://vegefest.e-animamundi.mk/partner/Partner.php
• Издвојте лице кое ќе биде задолжено за контакт и веднаш ќе Ве побараме.

Револуција која почнува во твојата чинија – за права на животните
Се гледаме на Вегефест!

* Вегефест е поддржан од програмата Civica Mobilitas.

К4Т ВИДЕО ОД ВЕГЕФЕСТ 2013

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија