Ултимативен фит предизвик

Датум на почеток:

04.07.2015

Време на почеток:

16:20

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Оваа пролет во знакот на Ултимативниот фит предизвик

Во петокот, на 06.03.2015, омилениот бренд на спортистите Алгасан и Бут Камп Бубало го најавија најголемиот фит настан на отворено за оваа пролет – Ултимативниот фит предизвик. Овој ултимативен предизвик е само продолжување на веќе добро познатата стратегија на брендот Алгасан застапуван од компанијата Натусана Македонија, да биде присутен секаде каде што има спорт и да ги поддржува иницијативите за здрав и активен живот.

Ултимативниот фит предизвик ќе се одржува во Спортскиот центар Форца секој вторник, почнувајќи од 7-ми април па сè до крајот на јуни, во 18:20 часот.

Во предизвикот ќе учествуваат од 20 до 40 мешани тимови од по тројца натпреварувачи, девојки и момци.

Пријавувањето на тимовите е бесплатно и ќе трае до 29 март 2015, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават на www.natusana.mk/predizvik или на имејл [email protected].

Целта на предизвикот е развивање и поддршка на здравите навики, што е сосема во склад со слоганот на Натусана – „Здрава навика”, како и поттикнување на натпреварувачки дух, дружење и забава на отворено.

А за најдобрите натпреварувачи, Алгасан обезбедува вредни награди:
– Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим;
– Викенд на море за победничкиот тим на предизвикот: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок и вечера;
– Викенд во Лазарополе за второпласираниот тим: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок, ручек и вечера;
– СПА-релаксација за третопласираниот тим.

И секако, за сите натпреварувачи – релаксација со природните хербални производи од линијата Алгасан за спортисти и физички активни луѓе – Алгасан Мобил гел и Алгасан Мобил крем.

Се гледаме на 7-ми април во Спортскиот центар Форца!

Автор

Дејан

Скопје

Македонија