Семеен спортски ден (Family Sport Day)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ротаракт Клуб Скопје, има чест да Ве покани на првиот Семеен спортски ден (Family Sport Day), што ќе се одржи во спортскиот центар „Мондано” во Скопје, на 27.05.2017 (сабота). Целта на овој настан е сите посетители со своите семејства да се дружат и да спортуваат заедно со децата со Даунов синдром, а ќе имаат можност да уживаат и во добра музика, скара и пиво.

Информации за настанот:
1. Натпревари во фудбал: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 6 играчи. Четврт финалните натпревари се играат 2х15 минути, додека полуфиналето и финалето ќе се играат 2х20 минути.
2. Натпревари во кошарка: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 3 играчи. Секој натпревар се игра до 21 даден кош.
3. Натпревари во одбојка за мажи: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
4. Натпревари во одбојка за жени: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
5. Натпревари во пинг-понг: 16 учесници, 4 групи по 4 играчи. Најпрво се играат по 3 натпревари. Играчите што ќе завршат први во групата играат против играчите што ќе завршат втори во другата група. Потоа следуваат полуфинални натпревари, па финале. Сите натпревари се играат во 2 добиени сета по 16 поени.

За сите посетители влезницата е во износ од 200 денари. За тие кои активно ќе учествуваат во еден од спортовите влезот ќе чини 500 денари. За таа сума сите посетители и учесници ќе добијат пиво, скара и други подароци од нашите поддржувачи.

Целта на овој настан е да се соберат средства за децата со Даунов синдром.

Во очекуваме,
Ротаракт Клуб Скопје

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија