Коноп…1000 Зошто…1000 Затоа

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

14:20

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани,

На наше огромно задоволство, сакаме да Ве информираме дека Граѓанското здружение “Зелена Алтернатива” на 24 Јуни 2017г. (Сабота), со почеток во 16:20ч. во Градскиот парк во Скопје, на локацијата “Школка”, организира јавна дебата на тема “Медицински канабис и негова употреба” на која учество ќе земат неколку еминетни доктори , професори и научници од странство, меѓу кои Др. Пол Хорнби (Канада), Др. Роберт Меламед (САД), Др. Лумир Хануш (Израел), како и докторите Др. Нико Беќароски, Др. Милан Ристевски (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје) и Др. Аспазија Софијанова (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје).

Дебатата е отворена за сите кои секојдневно користат, се лекуваат, препишуваат и произведуваат екстракти од канабис. Целта на настанот е сите заедно да дадат придонес, пациентите да ги споделат своите досегашни искуства со лекувањето со канабис, докторите да ги посочат секојдневните проблеми при препишување на лекот, и притоа, заеднички да се изнајдат соодветни механизми и решенија за институционални препреки, за достапноста на канабисот, различните начини на употреба, концентрациите и помошта на лица со разни болести и состојби, како и да се надминат некои дилеми околу канабисот, а истовремено и да се зајакне довербата помеѓу пациентите и лекарската фела.

Сметаме дека оваа дебата ќе придонесе за запознавање на јавноста со досегашните искуства од употребата на канабисот и претставува одлична можност за одредување на насоките за во иднина, за градење на заедничка стратегија за усовршување на политиките за медицинската употреба на канабис.

Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на овој настан, како важен субјект во градењето на политиките во нашата држава и подржувач на граѓанските иницијативи за создавање на граѓанско демократско општество, кое ќе се грижи за правата и слободите на своите граѓани. Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе не почестите со Вашето присуство.

Со почит,
“Зелена Алтернатива”

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија