Викенд курс за едрење

Датум на почеток:

08.12.2016

Време на почеток:

14:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Овој тридневен курс за едрење е идеален за сите оние кои немаат доволно слободно време да учествуваат во целосен курс, а сакаат да ги осознаат тајните на едрењето. Се состои од два дела: теоретски и практичен. Курсот започнува во петок навечер со теоретски предавања на нашите инструктори преку кои ќе се стекнете со основни знаења за метеорологијата, деловите на едрилицата и нејзината опрема, основните едриличарски принципи и начинот на однесување на вода. Наредните два дена, во сабота и недела, ќе бидат организирани кратки теоретски предавања во врска со тоа што ќе се учи во практичниот дел, а кој ќе се организира од 10:00 часот до 13:30 часот. Овој курс ќе ви даде одговор на сите прашања кои сте ги поставиле додека сте гледале едилици или едреле, а претходно не сте учествувале на ваков курс.

ЦЕНА: 60 евра

Контакт: [email protected]
Тел. број: 078 – 269 -041

Вклучено:
– користење на едрилица Beneteau 7.5 First Class
– обука со инструктор
– мајца и капа
– појас за спасување

Не е вклучено:
– сместување
– оброци и пијалоци
– трошоци за доаѓање и заминување од центарот за едрење
– дозвола за управување со моторен чамец

Дополнителни информации:
– основниот курс се одвива на едрилица од класата Beneteau 7.5 First Class, со капацитет од максимум 6 лица
– можност за индивидуален курс
– можни се промени во практичниот дел, во зависност од временските услови
– курсот е достапен за лица над 18 години

I ден – Теоретски предавања
– 19:00 – доаѓање во центарот за едрење, запознавање со инструкторите и другите учесници во курсот
– 20:00 – теоретски предавања: основна терминологија, правила за управување со пловен објект, управување со едрилица, основни правила за безбедност на вода, учење јазли
– 22:00 – прашања и одговори во врска со тековниот ден и договор за наредниот ден

II ден – Едрење во правец на ветерот и на страничен ветер
– 08:00 – теоретски дел: делови на едрилицата и нејзина опрема,основни маневри за управување со едрилица, правила за едрење во правец на ветерот и на страничен ветер, показна вежба за местење на едрилица, учење јазли
– 09:00 – показно местење на едрилицата и нејзина припрема за едрење и показно пакување на опремата на едрилицата за после едрење
– 10:00 – испловување и самостојно местење на едрилицата
– 10:30 – вежби за едрење околу бови во правец на ветерот и на страничен ветер, вежби за менување на правецот на движење на едрилицата
– 12:30 – враќање во центарот за едрење, самостојно пакување на опремата;
– 13:15 – прашања и одговори во врска со тековниот ден и договор за наредниот ден

III ден – Едрење на крмен и полукрмен ветер
– 08:00 – теоретски дел – анализа на силите кои влијаат врз движењето на едрилицата (аеродинамика и хидродинамика), правила за едрење на крмен ветер (ветер од позади грб) и полукрмен ветер, маневри за управување со едрилицата на овие ветрови
– 10:00 – испловување и самостојно местење на едрилицата
– 10:30 – вежби за едрење на крмен и полукрмен ветер, користење на трето едро, вежби за менување на правецот на движење на едрилицата
– 12:30 – враќање во центарот за едрење, самостојно пакување на опремата;
– 13:15 – прашања и одговори во врска со тековниот ден и договор за наредниот ден
– 14:00 – доделување на дипломи за сите учесници во курсот за едрење

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија