Аеробик во вода со ПВК Орион

Датум на почеток:

04.01.2014

Време на почеток:

18:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПВК ОРИОН од 01 април 2014 год. започнува со АЕРОБИК ВО ВОДА!!!

Месечна членарина: 800 ден за 8 часови аеробик во вода, односно 2 пати неделно по 45 мин. (15 мин. загревање и 30 мин. аеробик во вода)
Термини: вторник и четврток од 20:00-20:45 часот

Влез на Олимписки базен 120 ден.

ЗОШТО АЕРОБИК ВО ВОДА?

Сите знаеме дека придобивките од аеробикот и аеробните вежби се надалеку познати. Доколку сакате истовремено да вежбате, да се забавувате и разладувате ви препорачуваме да пробате т.н. аеробик во вода. Тоа всушност е тренинг со аеробни вежби кој се изведува во плитка вода како на пр. базен за пливање. Ширум светот овие вежби со лесен отпор се познати и како “water aerobic”, “аqua aerobic” и “aqua fitness”. Во текот на престојот во вода се чувствувате опуштено и нема да почувствувате оптеретување на нозете и грбот со што ќе ви биде полесно да вежбате. Со аква аеробикот се вежбаат сите групи мускули, се зацврстува и обликува телото, а лицата со поголема тежина без проблем може да го практикуваат, бидејќи не бара некоја претходна физичка подготвеност.

ПРИДОБИВКИТЕ:

– Покрај придобивките од стандардните вежби (аеробикот) кај овие вежби има дополнителни придобивки со фактот што вoдената средина го поддржува телото намалувајќи го притисокот врз зглобовите и мускулите и со тоа ризикот од настанување на мускулни и зглобни повреди.
– Водата овозможува поголем опсег на движење.
– Водaта спречува претерано загревање на организмот и настанување на топлотен удар.
– Водата го намалува нивото на стрес бидејќи ве опушта и ја отсранува напнатоста.
– Не мора да бидете добар пливач за да ги изведувате вежбите. Вежбите се безбедни и истите се препорачливи и за младите, па дури и за постари лица, посебно за оние кои имаат проблеми со ‘рбетот.
-Основен извор на енергија за овие вежби се масните наслаги на телото, така да многу брзо ќе ги изгубите вишокот на килограми.
-Ефектите се видливи после еден месец, доколку вежбате редовно. Искулучителни се резултатите кај отстранувањето на целулитот.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ И СОВЕТИ:

– Инструкторот е надовор од вода! Вежбите се изведуваат на работ од базенот, но и на средината, а инструкторот се наоѓа надвор од базенот за да ги демонстрира вежбите и правилното дишење.
– Одберете соодветен костим за капење! Препорачливо е жените да носат целосен костим за капење кој ќе ви дозволи да се чуствувате комотно за време на вежбите (нема да ве затега). За мажите не се препорачува да носат шорцеви кој само ќе ви ги отежнуваат вежбите.
– Пијте вода! Иако вежбате во вода, вие сепак се потите, па многу е важно да пиете доволно вода како пред вежбањето, така и во текот на вежбањето. Секогаш шишето со вода нека ви биде на дофат за да може да се освежите во секое време.
– Носете капа за пливање! Без разлика што вежбите се изведуваат во плитка вода препорачливо е да носите капа за пливање или барем да ви е собрана косата.
– Не пропуштајте часови! За да резултатите од вежбањето бидат што е можно подобри многу е важно редовно ги релизирате часовите, па дури и кога чувствувате благи болки во мускулите.

Автор

Selma Biberovic

Скопје

Македонија